Нападнал полицајци откако кршел по дома и бил агресивен кон семејството

од Nikola Popovski
107 прегледи

Семејно насилство ескалирало во напад врз полициски службеници, што се одвивал завчера на подрачјето на Драчево.

Полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Б.Д.(41) од Скопје.

-Тој агресивно се однесувал кон членовите на семејството и оштетил дел од инвентарот, а потоа со тврди предмет фрлал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини