Емери: Фановите да не сонуваат за нешто големо во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba
26 прегледи

По три победи и три „суви мрежи“, Астон Вила е на врвот на табелата во Лигата на шампионите во нивниот прв настап на турнирот по 41 година. Менаџерот на тимот, Унаи Емери, сепак предупреди дека е рано за навивачите на тимот да сонуваат за нешто големо, пренесе Ројтерс.

„Ако продолжиме со истиот учинок и акумулираме бодови, ќе ги промениме нашите цели и ќе се обидеме да бидеме меѓу најдобрите осум екипи“, прокоментира шпанскиот стручњак.

„Но, сакам тоа да се случи на природен начин, да не биде изненадување, бидејќи играме добро. Важно е да бидеме константни, да освојуваме бодови и да се чувствуваме добро“, додаде Емери.

Најдобрите осум екипи во Лигата на шампионите директно ќе се пласираат во осминафиналето на турнирот, додека следните 16 ќе играат дополнителни бараж за одредување на преостанатите осум претенденти.

„Сувите мрежи“ се последица на тоа што играме сериозно, организирано и што сме тактички дисциплинирани. Среќни сме за голманот Емилио Мартинез, тој е многу заинтересиран да не прима голови“, изјави Унаи Емери.

Настапот на Дуран како замена пак, Шпанецот го нарече „фантастичен“.

Слични содржини