Некои луѓе имаат краток фитил и се склони кон ненадејни промени во расположението. Нивната нервоза и лутина можат да создадат непријатни ситуации, особено ако често се лутат поради ситници.
Овие луѓе имаат потешкотии да ги контролираат своите емоции во стресни моменти.
Според астрологијата, таквите луѓе се родени во следните знаци:
Јарец
Јарците се познати по својата сериозност, но кога нешто не им одговара, тие брзо се претвораат во најтешките суштества. Сметаат дека постои начин на кој се треба да изгледа и да функционира, а доколку нешто скршне од тој пат, подгответе се за ладен и презирен поглед. Тие се перфекционисти кои не поднесуваат глупости и лесно ќе се пожалат, да речеме, за доцнење две минути. Ако планирате нешто со Јарецот, погрижете се се да биде совршено – инаку брзо ќе станете причина за неговото негодување.
Девица
Девиците се познати по тоа што се критичари, што често ги доведува до состојба на хронична мрзоволност. Ако некоја Девица види нешто што не е совршено или некој направи најмала грешка, подгответе се за мрачно лице. Тие секогаш бараат недостатоци, па затоа е многу лесно да ги исфрлите од колосек.
Скорпија
Скорпиите се познати по интензитетот на чувствата и длабоката наклонетост, но се исто толку интензивни кога нешто ќе ги изнервира. Ако ги изневерите, повредите, па дури и случајно погрешно го протолкувате нивниот коментар, подгответе се за многу гнев. Скорпиите не забораваат и не простуваат лесно – ако нешто им пречи, тоа не е само минлива ситница, туку нешто што ќе ги нервира долго, долго потоа. Едноставно не знаат да ги „пуштат“ работите и поради тоа стануваат пргави дури и кога поводот е само ладно кафе.