Главчев за иднината на бугарската влада: Не можам да предвидам, но сите имаме потреба од стабилност

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Ги извршивме сите обврски кои ни беа зададени за изборите да бидат фер, изјави денеска привремениот премиер на Бугарија Димитар Главчев пред новинарите.

Главчев посочи дека не може да процени какви се шансите да се формира редовна влада.

– Не можам да зборувам за шансите, не сум ниту социолог, ниту политолог. Не можам да предвидам какви ќе бидат процесите, но сè уште се надевам дека ќе се формира редовна и стабилна влада. Сите имаат потреба од тоа, рече техничкиот премиер.

На прашањето дали треба да се зголеми 4-процентниот праг за влез во парламентот, тој одговори: „Тоа е работа на следните легислативи на Народното собрание. Ние сме привремена влада, ги извршуваме нашите обврски согласно постојното законодавство.“

– Дали ќе има промени зависи од народните претставници, кои треба да обезбедат потребно мнозинство, додаде Главчев.

Слични содржини