Почина македонската писателка Оливера Николова

од Nikola Popovski
84 прегледи

Почина Оливера Николова – македонската писателка најмногу позната по култното дело „Зоки Поки“. Таа е писателка за возрасни и за деца и е една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки.

Оливера Николова е родена на 11 март 1936 година во Скопје. Дипломирала на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Целиот работен век го поминала во Македонската радио-телевизија, работејќи како уредник и драматург. Таа e член на Друштвото на писателите на Македонија од 1963 година.

Оливера Николова е автор на неколку телевизиски игри: „Зоки Поки“ (ТВ-куклена серија); „Среќен пат, Зоки!“ (ТВ-куклена серија, со Глигор Поповски и Видое Подгорец); „Девојките на Марко“ (ТВ-серија во шест епизоди). Исто така, таа е автор и на неколку радио-игри: „Земја во која не се стигнува“, „Игра за мама“, „Од палец до сон“, „Како расте татковината“, „Големото зошто“ итн.

Добитничка е на Орден за заслуги за Македонија во 2024 година.

Слични содржини