Колку електорски гласови му се потребни на Трамп, а колку на Камала Харис?

од Nikola Popovski
59 прегледи

Американците денеска ќе одлучуваат меѓу Камала Харис и Доналд Трамп кој ќе биде следниот претседател на САД. Трката е историски блиска според анкетите.

Според сите индиции, одлуката ќе ја донесат седум сојузни држави кои не се јасно наклонети ниту на демократите, ниту на републиканците.

Почетната состојба според анкетите е следна, Харис има обезбедено 226 електорски гласови, а Трамп 219. За победа потребно е да се достигне 270, а седум клучни сојузни држави носат вкупно 93 електорски гласови. Така Харис би требало да освои најмалку 44, а Трамп 51. Постојат неколку сценарија за победа, а ова се најверојатните.

Најлесниот пат до 270 гласови за Камала Харис е низ државите на Средниот Запад Пенсилванија, Мичиген и Висконсин. Трамп ги освои тие држави во 2016 година против Хилари Клинтон и загуби четири години подоцна од Џо Бајден. Харис има многу мала предност во сите три држави. Во тоа сценарио, сите четири јужни држави (Невада, Северна Каролина, Аризона и Џорџија) не би биле доволни за Трамп.

Меѓутоа, доколку Трамп освои само една од трите сојузни држави (Пенсилванија изгледа најреално), заедно со трите јужни сојузни држави каде што води во анкетите, тој би постигнал победа и доволни 281 електорски гласови. Не треба ни да ја освои Невада, каде што анкетата е целосно изедначена.

Од друга страна, доколку Харис заземе една од јужните држави (на пример, Северна Каролина, каде што разликата е најтенка), би и било доволно да победи доколку не го освои Висконсин, каде што разликите се исто така во рамките на статистички грешка, како и Невада. Во случај на пораз во Пенсилванија, тие би морале да освојат уште една држава на американскиот југ, Џорџија.

Можни се и сценарија за изедначен резултат во изборните гласови. Во тој случај, работата најверојатно ќе се префрли на американскиот Конгрес.

Слични содржини