Маск ја слави победата на Трамп: „Гем, сет, меч!“

од Nikola Popovski
111 прегледи

Синот на поранешниот претседател на Бразил, Жаир Болсонаро, Едуардо Болсонаро и британскиот десничар Најџел Фараж, се само дел од истакнатите странски политичари и јавни личности кои ги следат изборите за претседател на Соединетите Американски Држави на Мар- а-Лаго, имотот на Доналд Трамп во државата Флорида во САД, пишува АП.

Болсонаро на социјалната мрежа Икс објави фотографија со Доналд Трамп помладиот и тврди дека „во добро друштво“ навива за кандидатот на Републиканската партија на изборите.

Истовремено, Фараж на социјалните мрежи објавува содржини од Мар-а-Лаго.

Покрај двајцата, во Мар-а-Лаго се и милијардерот Илон Маск и поранешниот телевизиски известувач на „Fox News“.

„Гем, сет, меч“, напиша Илон Маск на социјалната мрежа „Х“ во 4.32 часот.

Доколку Трамп освои втор мандат во Белата куќа, Маск би можел да одигра клучна улога во обликувањето на новата насока на американската влада.

Маск, извршен директор на „Tesla“ и „SpaceX“ и сопственик на платформата X (поранешен „Twitter“), отворено изјави дека во администрацијата на Трамп би сакал да работи на намалување на бројот на федералните агенции и поедноставување на бирократијата, што смета дека е неопходно за иднината на земјата.

Слични содржини