Изгаснат пожарот кој избувна во магацинот на Македонски Железници

од Nikola Popovski
36 прегледи

Изгаснат е пожарот што избувна ноќеска во магацинот на МЖ – Транспорт во Кисела Вода. Тој бил пријавен во 1:20 часот по полноќ, а во гаснењето, според Скопската противпожарна служба, учествувале 30 пожарникари со 10 противпожарни возила.

Причините за пожарот сè уште не се познати. Според информациите, гореле стари и неисправни вагони.

-На 07.11.2024 во 01.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Трета македонска бригада“ во Скопје настанал пожар во хангар сопственост на „Македонски железници“ во кој имало неисправни стари вагони и локомотиви. Во 03.30 часот пожарот бил локализиран од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Во 09.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека пожарот повторно се активирал. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот, соопштија претходно од МВР.

📷Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода

Освен предизвикана материјална штета, нема информации за повредени лица.

Слични содржини