11
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска соопшти дека немало разговори меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.
„Ова е најјасен пример за квалитетот на информациите што беа објавени неодамна, дури и во прилично угледни весници. Ова е целосно лажно. Ова е чиста фикција, ова е едноставно лажна информација“, рече Песков, пренесе РИА Новости.
„Вашингтон пост“ во неделата, повикувајќи се на повеќе извори, објави дека Трамп телефонски разговарал со рускиот претседател.