Додик: Европската унија води ку*винска политика

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Лидерот на босанските Срби Милорад Додик во понеделникот се закани дека ќе ја прекине поддршката за европскиот пат на Босна и Херцеговина и верува дека во иднина ќе има силен сојузник во унгарскиот премиер Виктор Орбан и се надева дека новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ги укине санкциите.

Пред новинарите во Бања Лука, Додик ја обвини Европската унија дека води „курвинска“ политика, бидејќи финансиската поддршка за земјите кои сакаат да станат нејзини членки ја условува со спроведување на реформите.

Неговата оценка е дека ЕУ тоа го прави само во однос на БиХ за Република Српска да го „изгуби својот карактер“ и додаде дека сега нема причина да се испочитуваат барањата што доаѓаат од Брисел.

Додик ова го изјави коментирајќи ги проблемите со усвојувањето на програмата за реформи што БиХ треба да ги спроведе за да добие пристап до фонд од шест милијарди евра, обезбеден преку планот за раст на Западен Балкан.

Политичарите во Босна и Херцеговина успеаја да се договорат за 110 од 113 мерки што ги побара ЕУ. Властите во РС одбија да го прифатат условот Уставниот суд на БиХ да се пополни со двајца судии избрани од тој ентитет, а избегнаа и договор за седиштето на Апелацискиот оддел на Судот на БиХ.

Овој факт потоа го искористи опозициската Партија за демократска акција (СДА) со цел преку механизмот на координација на односите со ЕУ, благодарение на гласовите од окрузите во кои таа партија е на власт, да го блокира целиот пакет до РС се согласува со сите барања, па земјата сега се врти во маѓепсан круг на префрлање на одговорноста за блокадите.

Затоа во БиХ не беше усвоен ниту еден закон кој е неопходен за формално отворање на пристапните преговори со ЕУ, што беше одобрено од Европскиот совет уште во март.

Додик вели дека тој, односно РС, не е виновен за ништо, туку дека одговорноста е на СДА, но додава и дека му е доста од условувањата од Брисел.

„Многу брзо ќе се договориме дека повеќе нема да го поддржуваме европскиот процес“, се закани тој.

Тој вели и дека сега му е полесно да го каже и направи тоа бидејќи верува дека се ќе се смени со изборот на Трамп за претседател на САД.

„Сега можам да кажам дека ми е многу полесно. Како што тој беше прогонуван во Америка, така и мене ме прогонуваат овде“, вели Додик и додава дека има големи очекувања. Тој знае дека санкциите нема веднаш да му бидат укинати, но додава дека има право да се надева.

Тој вели и колку е горд затоа што Виктор Орбан опстојувал на својата политика, па сега, на крилата на победата на Доналд Трамп, очекува политиката на унгарскиот премиер да стане доминантна во Унијата.

Слични содржини