167
Македонските фудбалери се пласираа од Ц до Б дивизијата од Лигата на нации на УЕФА. Дефанзивецот Никола Серафимов беше херојот на нашите најдобри фудбалери во дуелот од петтото коло против Летонија – 1:0.
Пред последното коло, Македонија стекна недостижни девет бода предност пред третопласираната Ерменија.
Во дуелот со Летонците, нашите беа подобар ривал, имаа двојно повеќе обиди, но го скршија ривалот дури во средината на вториот дел од натпреварот.
Летонија в недела на средбата со Ерменија ќе се обиде да избегне испаѓање во Д дивизијата.
Македонија ќе го затвори овогодинешното издание на средба со Фарски Острови.