Хрватка во трка за портпаролка на Белата куќа: Кои се кандидатите за една од најтешките функции во кабинетот на Трамп?

од Nikola Popovski
53 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп деновиве е зафатен со кадровски комбинаторики, односно составување на својот кабинет, а се појавија и првите имиња за една од најтешките функции во Белата куќа – портпарол. Меѓу нив е и една Хрватка.

Меѓу фаворитите се, како што пишува „Политико“, а пренесува Јутарњи лист, Керолајн Левит, која беше портпаролка на Трамп во текот на целата кампања и Скот Џенингс, политички коментатор на Си-Ен-Ен, кој застана на страната на Трамп на популарната ТВ мрежа, пишува „Политико“.

Други имиња спомнати од луѓе блиски до Трамп, кои сакале да останат анонимни, се коментаторката на Фокс њуз со хрватско потекло Кети Павлич, поранешниот портпарол на Белата куќа Хоган Гидли, портпаролката на Институтот „America First Policy“, Мара Лотер, портпаролката на Републиканскиот национален комитет (RNC), Елизабет Пипко, како и поранешната функционерка од Министерството за финансии, Моника Кроули.

Споменатата Павлич, инаку конзервативна авторка, коментаторка и блогерка која работела за „CNN“, „CNBC“ и „Fox“, своевремено на една социјална мрежа објавила: „Моето семејство во поранешна Југославија мораше да ги запише во книга сите гости кои ги посетуваа, со цел Владата да може да дојде и да провери сè“.

Една од можните кандидатки е Меган Кели, поранешна ѕвезда на „Фокс њуз“, која има шоу и подкаст наречен „The Megyn Kelly Show“. Таа го поддржа Трамп и се појави со него на сцената на предизборен митинг.

На прашањето дали ја одбила функцијата портпарол, таа за Политико одговорила: „Без коментар“.

Работата на портпаролот на Белата куќа е една од најтешките, по улогата на претседател. „Од перспектива на претседателот, најважно е да има човек од доверба на таа позиција“, рекол поранешен висок функционер на администрацијата.

Елизабет Пипко (29) е поддржувач на движењето „MAGA“ на Трамп. Родена е во Њујорк во семејство на руски Евреи кои емигрирале од поранешниот Советски Сојуз. Таа е внука на американскиот уметник со советско потекло Марк Клионски. Се натпреварувала во лизгање до 15-годишна возраст кога се повредила и престанала да тренира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Elizabeth Pipko (@elizabethpipko)

Кога беше именувана за портпаролка на „RNC“, таа рече дека се гледа себеси како остварување на американскиот сон – и дека едвај чека да направи „промена“. Се занимавала со манекенство од 17-годишна возраст, а профитабилниот договор во таа сфера и донесе појавување во списанијата „Maxim“, „Esquire“ и „Sports Illustrated“. Кога јавно го поддржа Трамп во 2019 година, тоа и наштети на нејзината кариера во модната индустрија. Таа тврди дека во тоа време изгубила секаков контакт со агенти, фотографи и многу пријатели.

Слични содржини