Тектонски потрес во Реал – Алонсо го менува Карло Анчелоти

од Vladimir Zorba
46 прегледи

Чаби Алонсо, тренерот на Баер Леверкузен, ќе го преземе кормилото на Реал Мадрид на крајот од сезоната 2024/2025.

Според пишувањата на шпанските медиуми, Алонсо би можел да избере помеѓу Реал и Манчестер Сити, каде Пеп Гвардиола наводно е блиску до одлука за заминување.

Сепак, била донесена одлука да се врати во Мадрид, каде што не само што со голем успех настапи за „кралскиот клуб“ со кој ги освои шпанското првенство и Лигата на шампионите, туку и ја започна својата тренерска кариера.

Имено, Алонсо работеше во Реал со момчиња до 14 години пред да се вработи како тренер на Б тимот на Реал Сосиедад во јуни 2019 година, а во октомври 2022 година пристигна во Баер Леверкузен. Најпрво успеа да го извлече тимот од борба за опстанок, а потоа ја освои титулата без пораз и се пласираше во финалето на Лига Европа.

Сепак, стартот на новата сезона не го донесе очекуваното продолжение, Баер е просечен во Германија (четврти на табелата со девет бодови помалку од Баерн по 10 натпревари), па гласините за негово заминување се интезивираа, но овој пат се чини дека дефинитивно е пресечено – Алонсо се враќа на местото на успехот со цел да внесе нова енергија кај мадриѓани.

Од друга страна, нема индикации каде би можел да оди Анчелоти, но јасно е дека работите во Реал не одат според очекувањата, бидејќи не само што има голем број повредени играчи, туку и Килијан Мбапе и Винисиус Жуниор докажуваат дека не може да се разберат. Наводно, Французинот е незадоволен од улогата и односот на остатокот од тимот кон него.

Слични содржини