Муцунски и Борел ќе потпишат договор за безбедносно и одбранбено партнерство

од Nikola Popovski
14 прегледи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Брисел заедно со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел ќе потпишат Договор за безбедносно и одбранбено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Европската Унија. Се очекува овој Договор за партнерство да ја зајакне отпорноста на земјата и да овозможи заедничко справување со безбедносните предизвици и поефикасна соработка во сферата на безбедноста и одбраната.

Церемонија на потпишување на Договорот, ќе се одржи на маргините на заседанието на Советот за надворешни работи на ЕУ на ниво на министри за одбрана, на кое ќе се расправа за поддршката на Унијата за Украина и за одбранбената подготвеност на блокот.

Доделените средства се наменети за набавка на технологии за разузнавање, надзор, извидување, електронско војување и сигнално разузнавање, на логистичка и инженерска опрема, како и на комуникациски и информациски системи, а со нив ќе се обезбеди и техничка обука за користење на опремата.

Слични содржини