Слобода Миќаловиќ пуштена од болница: Познатата српска актерка ја претепале на паркинг

од Vladimir Zorba
98 прегледи

На 25 ноември околу 18.50 часот познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ физички се пресметала со С.Д. (47), поради што завршила во Ургентниот центар.

На неа и биле извршени детални прегледи, а актерката изјавила дека била удирана неколку пати по главата, поради што се пожалила на болки. Слобода извесно време останала во болница, а потоа преку службениот излез ја напуштила установата. Според информациите, на Слобода и биле извршени сите потребни прегледи.

Нејзината моментална состојба сè уште не е позната.

Во тек е прибирањето докази кои потоа ќе бидат доставени до обвинителството за понатамошно постапување и одлучување. Како што пренесуваат локалните медиуми, дежурниот јавен обвинител наредил полицијата да ја собере целата медицинска документација, како и да направи снимки од видео надзор и да изврши разговор со актерката и минувачот со кој се судрила, односно сите лица кои имаат сознанија од овој случај или случајно се нашле таму.

Медиумите неофицијално дознаваат дека под дејство на алкохол била С.Д. И на неа и на Слобода Миќаловиќ веднаш им била укажана лекарска помош, бидејќи и двете се пожалиле на повреди.

Слични содржини