169
Жена го родила своето прво дете на 61 година, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство. Жената се породила пред неколку дена на ГАК. Таа важи за најстарата жена во Македонија што го родила своето прво дете.
Според досегашните информации, мајката и бебето се во стабилна состојба. Детето е зачнато преку ин витро процедура.
Повеќе детали се очекува денеска да соопшти директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство, Ирена Алексиоска Папестиев.
Во 2019 година беше објавено дека Ерамати Мангајама (74) од Индија, која роди здрави близнаци по поминато медицинско потпомогнато оплодување, е најстарата родилка на светот.