148
Портпаролката на Владата, Марија Митева денеска на прес-конференција беше запрашана за ставот и очекувањата на Владата за закажаната средба меѓу претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
-Со оглед на фактот што станува збор за средба меѓу претседател на држава и претседател на опозицијата, не би можела да изнесувам ставови од аспект на Влада. се надевам дека ќе имаат конструктивен разговор и за насоките по кои што ќе се делува во иднина, рече Митева на брифинг со новинарите.