🎥МВР: Лишено од слобода лицето што ја откорнало таблата од Конзулатот на Србија во Куманово

од Vladimir Zorba
17 прегледи

Полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 17-годишен малолетник од Куманово, постапувајќи по добиена пријава на 29.11.2024 во 09.05 часот дека е откорната табла од канцеларијата на Конзулатот на Република Србија во Република Северна Македонија, лоциран во Куманово, соопшти МВР.

Како што се наведува во соопштението од МВР, веднаш по добиената пријава, во координација со ОЈО Куманово, полициски службеници од СВР Куманово презедоа мерки и активности и го расчистија кривичното дело. Малолетникот е приведен во полициска станица и по документирање на случајот СВР Куманово ќе поднесе кривична пријава по член 319 од КЗ до ОЈО Куманово.

Слични содржини