Пропаѓа империјата на Мек Грегор – загубите се огромни

од Nikola Popovski
128 прегледи

Конор Мек Грегор, поранешниот шампион на УФЦ, неодамна беше прогласен за виновен за сексуален напад врз жената Никита Ханд во хотел во Даблин во 2018 година, па поради тоа повеќето спонзори решија да му свртат грб и да ја прекинат соработката.

По многубројните обвинувања, Ханд го доби спорот и Ирецот е должен да ѝ плати околу 248.000 евра, иако најави дека ќе се жали на пресудата.

„Се што беше објавено е лага. Неверојатно е како судот ги прифати сите тие лаги. Ова не е суд за докази за вистината, туку за мислења и чувства“, рекол Мек Грегор.

Но, напротив, Конор може да биде благодарен што тужбата била приватна и што не му се заканува затвор, но секако ќе ги почувствува последиците.

Спонзорите веќе почнаа да се разделуваат со Конор, а се започна со неговиот бренд виски „Proper 12“, кој го продаде во 2021 година, а потоа остана заштитно лице.

„IO Interactive“ одлучи да го отстрани неговиот лик од „Hitman“, а потоа и команијата „JD Wetherspoons“ потврди дека Конор повеќе нема да продава пијалоци и брендови во негова сопственост.

„DAA“ која го контролира аеродромот во Даблин, исто така ги повлече сите свои брендови од продажба. Со Мекгрегор остана само шведскиот фитнес бренд „Boxbollen“.

Неговото богатство сигурно ќе претрпи огромна финансиска загуба, но Конор самиот е виновен за тоа.

Слични содржини