59
САД го прекинаа стратешкото партнерство со Грузија по одлуката на владејачката партија „Грузиски сон“ да ги прекине преговорите за членство на земјата во ЕУ, објави Стејт департментот.
Како што се наведува, одлуката на партијата „Грузиски сон“ е спротивна на ветувањето дадено на грузискиот народ и вградено во Уставот дека земјата ќе се залага за целосна интеграција во Унијата и НАТО.
Со прекинувањето на процесот на европска интеграција, „Грузискиот сон“ ја отфрли можноста за поблиски односи со Европа, правејќи ја поранлива за Кремљ, се вели во соопштението објавено на веб-страницата на Стејт департментот, во кое се додава дека мнозинството грузиски народ ја поддржува европска интеграција.