Аморим: Чувствував дека имаме контрола, но прекините…

од Vladimir Zorba
26 прегледи

Два корнери на Арсенал беа доволни за првиот пораз на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед.

„Топџиите“ славеа со 2:0 во дербито на 14. коло на Премиер лигата, Јуријен Тимбер и Вилијам Салиба погодија, Арсенал уште еднаш потврди дека ги доведоа до перфекција своите прекини, а португалскиот стручњак по ремито и победата во Премиер лигата, почуствува и како е да се губи како менаџер на Јунајтед.

„Моравме да бидеме поагресивни, две прекини ја направија разликата“, рече Аморим.

Арсенал беше тој кој покажа повеќе.

„Знаевме што прават играчите на Арсенал за време на корнерите, бевме подготвени на се. Моравме подобро“, додаде Аморим.

При 1:0 Јунајтед имаше шанса преку Матаис де Лихт.

„Чувствував дека ја контролираме играта, ако тогаш израмневме веројатно се ќе беше поинаку. Сепак, лесно ги дозволивме тие два гола, бевме казнети“, заклучи Аморим.

Манчестер Јунајтед е само 11-ти на табелата во Премиер лигата со 19 бодови на своето конто, а Аморим има навистина тешка задача да го изведе овој тим на вистинскиот пат, иако засилувања се очекуваат во јануари.

Арсенал има 28 бодови и го дели второто место со Челси. Екипите од Лондон се на -7 во однос на лидерот Ливерпул.

Слични содржини