18
Двајца работници тешко се повредиле на своите работни места.
Во кумановската полиција од Итната медицинска помош било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.Ј. (59) од Куманово. Според пријавеното, тој повредите ги добил при извршување на работни задачи во фабрика на автопатот Е75. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а бил известен јавен обвинител.
На 4 декември во ОВР Кавадарци, од болницата во Кавадарци било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен И.С. (41) од Кавадарци. Тој повредите ги добил при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци. Увид бил извршен од увидна екипа од ОВР Кавадарци.