Трамп: САД не треба да се мешаат во конфликтот во Сирија, тоа не е наша борба

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека Америка не треба да се вклучува во конфликтот во Сирија, каде бунтовничките сили се закануваат на владата на претседателот Башар ал Асад.

„Сирија е во хаос, но не е наш пријател и Соединетите Американски Држави не треба да имаат никаква врска со тоа. Тоа не е наша борба. Нека се расплетува, не вмешувајте се“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“, објави тој Ројтерс.

Безбедносната ситуација во Сирија се влоши бидејќи сириските бунтовнички групи, предводени од организацијата Хајат Тахрир ал Шам, влегоа во два града во централна Сирија, Растан и Талбисех и се приближија до третиот по големина сириски град Хомс.

Слични содржини