Макрон го пречека Трамп во Елисејската палата, ќе разговараат за геополитичката нестабилност

од Vladimir Zorba
27 прегледи

Францускиот претседател Емануел Макрон го пречека новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во Елисејската палата во Париз, кој денеска ќе разговара со него за, како што рече Трамп, геополитичка нестабилност, пред церемонијата по повод повторното отворање на катедралата Нотр Дам.

Патувањето во Франција го означува враќањето на Трамп на светската сцена, сè уште во својство на граѓанин, но покажува дека тој веќе се подготвува да се справи со мноштво меѓународни кризи, објави Ројтерс.

Двајцата силно се ракуваа и срдечно се тапкаа по грбот.

Слични содржини