Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека апсолутно ќе размисли за повлекување на САД од НАТО.
Тој, исто така, објави за NBC дека планира да го прекине правото за стекнување американско државјанство врз основа на раѓање на првиот ден кога ќе ја преземе функцијата.
Трамп исто така рече дека ќе ги помилува обвинетите за нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, објави Ројтерс.
Тој изјави и дека неговата цел е да ги депортира сите имигранти кои нелегално влегле во САД за време на неговиот четиригодишен мандат.
Трамп победи на претседателските избори, кои се одржаа на 5 ноември, пред кандидатот на демократите и американски потпретседател Камала Харис.
Претседателската функција ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година на церемонијата на инаугурација, пренесува Танјуг.