Трамп ја избра вереницата на својот син за амбасадорка во Грција

од Nikola Popovski
87 прегледи

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја избра Кимберли Гилфојл, поранешна водителка на Фокс њуз и вереница на неговиот син Доналд Трамп помладиот, за нова американска амбасадорка во Грција.

Гилфојл е верена со Трамп Џуниор од декември 2020 година, а Трамп на „Truth Social“ информира дека е блиска пријателка и сојузник долги години и дека е „совршено квалификувана“ да ги подобри односите меѓу САД и Грција, со фокус на областите како што се одбранбената соработка, трговијата и економските иновации, објави Ројтерс.

Гилфојл не е единствената назначена на позиција што има семејни врски со Трамп.

Слични содржини