Земјотрес во Косово почувстуван и во Македонија

од Nikola Popovski
70 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погодил Косово, објавено е на официјалниот профил на „Х“ на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција (ЕМСЦ).

Епицентарот на земјотресот бил на 16 километри југозападно од Призрен.  Потресот е регистриран во 01:46 часот по локално време.

Според ЕМСЦ, земјотресот е почувствуван и во Македонија и Албанија. Најмногу во севернозападните делови од Македонија во околината на Скопје, Гостивар и Тетово.

Нема информации за предизвикана материјална штета.

Слични содржини