САД најавија нова воена помош за Украина во вредност од 500 милиони долари

од Nikola Popovski
14 прегледи

Соединетите Американски Држави (САД) најавија нова воена помош за Украина во износ од 500 милиони долари.

„САД ќе достават уште една значајна испорака на опрема и оружје на нашите украински партнери на кои итно им е потребна помош додека се бранат од руската агресија“, информира американскиот државен секретар Ентони Блинкен во соопштението.

Новата испорака на опрема во Киев ќе биде 72-та од почетокот на руската офанзива против Украина во февруари 2022 година, објави Белата куќа.

Овој месец имаше две испораки на американска воена помош за Украина, едната во вредност од 988 милиони долари, а другата во вредност од 725 милиони долари.

Испораката на опрема објавена се состои од муниција за ракетни системи, артилериски гранати, беспилотни летала, воени возила, како и заштитна опрема од хемиски, радиолошки и нуклеарни напади.

Слични содржини