Зошто чоколадното млеко е всушност добро за децата?

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Чоколадното млеко е деликатес што децата го обожаваат. Ги надополнува нутритивните недостатоци со кои се соочуваат многумина, обезбедувајќи одлична опција за пребирливите мали или оние кои не го сакаат вкусот на обичното млеко. Но, многу родители се загрижени; дали децата можат да пијат чоколадно млеко поради додадениот шеќер што го содржи?

Нутритивна вредност на чоколадното млеко

Мало чоколадно млеко од 0,2 литри, или една порција чоколадно млеко, има 150 калории, 8 грама протеини, 24 грама јаглени хидрати (10 грама додаден шеќер), калциум, витамин Д и други клучни хранливи материи. За споредба, обичното млеко има 105 калории и 12 грама јаглени хидрати без додаден шеќер.

Зошто чоколадното млеко е добро за децата?

Чоколадното млеко обезбедува голем број важни хранливи материи, а истражувањата покажуваат дека е корисно за здравјето. Студијата од 2021 година, објавена во списанието Nutrition and Metabolism, покажа дека секојдневното консумирање на чаша млеко може да го намали ризикот од срцеви заболувања, мозочен удар, дебелина, дијабетес тип 2 и остеопороза, пишува Parents.

Млечните производи содржат 18 од 22 есенцијални хранливи материи, вклучувајќи калциум, фосфор, магнезиум и витамин Д, кои се клучни за здравјето и метаболизмот. Насоките за исхрана посочуваат дека млекото помага да се надополнат хранливите материи како калциум, калиум и витамин Д, што го прави чоколадното млеко здрав избор.

Главните хранливи материи во чоколадното млеко

* Калциум: суштински за раст и јачина на коските, особено во детството и адолесценцијата. Млечните производи ги спречуваат болестите на коските и ја поддржуваат минерализацијата.

* Витамин Д: му помага на калциумот да ги зајакне коските. Млекото е еден од ретките извори на витамин Д.

* Протеини: промовираат раст и обновување на мускулите, особено кај активните деца.

* Фосфор: важен за силни коски, заби и поправка на ткивата.

* Калиум: го поддржува растот, работата на мускулите и срцевиот ритам. Една чаша млеко има околу 360 mg калиум.

* Витамин А: помага за раст, развој и зајакнување на имунолошкиот систем.

Дали малите деца можат да пијат чоколадно млеко?

Да, малите деца можат да пијат чоколадно млеко. Млечните производи се главен извор на три од четирите клучни хранливи материи за здравјето на децата на возраст од две до 18 години: калциум, калиум и витамин Д.

Според Американската академија за педијатрија, децата на возраст под две години не треба да пијат чоколадно млеко бидејќи млекото со вкус содржи повеќе шеќер отколку што се препорачува за таа возраст. Експертите препорачуваат обично млеко, кое е богато со хранливи материи и клучни витамини за развојот на детето.

Слични содржини