Фатени разбојници кои се обиделе да ограбат банка во Чаир

од Nikola Popovski
54 прегледи

На 16.12.2024, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.А.(27) и еден малолетник, двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека околу 13.00 часот во филијала на една банка на подрачјето на Чаир се обиделе за извршат разбојништво, при што од огнено оружје испукале неколку куршуми кон блиндор стаклото, но не повредиле никој. Веднаш потоа, во близина на местото бил затекнат А.А., а по преземени мерки бил пронајден и малолетникот и кај него бил пронајден нож.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини