39
Новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп денеска изјави дека Турција била вмешана во падот на режимот на поранешниот сириски претседател Башар ал Асад преку нејзината поддршка за Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), исламистичката група која го предводеше нападот врз Дамаск претходно овој месец.
Трамп рече дека Турција извршила „непријателско преземање без многу изгубени животи“ во Сирија, што Анкара го негира.
Новоизбраниот американски претседател, исто така, истакна дека Турција ќе игра клучна улога во иднината на Сирија и го пофали турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесе Блумберг.