Дали скопјани ќе имаат вода во недела? Меџити: Време е Град Скопје да покаже дека децентрализацијата треба да зајакне

од Nikola Popovski
154 прегледи

Тенденцијата на Владата е да зајакне децентрализацијата. Вие знаете дека оваа Влада има план и почна со доделување милијарда евра на општините за да зајакнат. Не е тенденција да централизираме, вака одговори министерот за животна средина, Изет Меџити откако беше запрашан дали скопјани ќе имаат вода барем во недела и како Владата ќе делува во целата ситуација, по најавите дека викендов повеќе од половина од главниот град ќе биде без вода поради поправка на дефект на водоводната мрежа.

Меџити истакна дека „ќе излезат во пресрет“, но, според него, тоа се ингеренции на „Водовод и канализација“ и градоначалничката Данела Арсовска.

-Како што излеговме во пресрет со јавниот превоз, но, мислам дека време е да покажат и докажат дека децентрализацијата треба да зајакне, а не да ургира Владата, додаде вицепремиерот и министер.

Поради санација на голем дефект, од петок навечер од 22 часот околу 20-тина населби и општини во главниот град ќе бидат без снабдување со вода. Според информациите од ЈП „Водовод и канализација“ до санирање на дефектот на главниот цевковод, без вода ќе останат граѓаните од десната страна на реката Вардар, односно од „СП Планет“ во Ѓорче Петров, Порта Влае, Карпош, Тафталиџе, Водно, Центар, Кисела Вода, Драчево, Пинтија, 11 Октомври, Лисиче, Ново Лисиче, Аеродром, Автокоманда (ниска зона), па сѐ до Зелениково и Студеничани.

Слични содржини