Ѕвездата на серијата „Лудите седумдесетти“, Дени Мастерсон, ја обжали пресудата за силување, пишува Fox News. Неговиот тим ја обжали пресудата од 2023 година.
Одбраната побара поништување на пресудата поради бројни процесни и материјални грешки кои ја загрозуваа правичноста и веродостојноста на судењето, стои во списите.
„Воведното барање на жалбата поднесено на 18 декември 2024 година, покажува две наводни фундаментални грешки во пресудата на Дени Мастерсон:
1. Судењето изобилуваше со погрешни судски одлуки кои го искривија ставот на поротата за доказите против него
2. Имаше неверојатна количина на ослободителни докази кои не беа презентирани на поротата“, сподели адвокатот на Мастерсон, Клиф Гарднер во изјавата.
Мастерсон е во затвор во Сан Луис Обиспо, Калифорнија. Тој беше префрлен по отслужувањето на казната во државниот затвор Коркоран во Калифорнија – затворот со максимална безбедност во кој некогаш се наоѓаше култниот водач Чарлс Менсон.
Да потсетиме дека во мај 2023 година Мастерсон беше прогласен за виновен по две точки од обвинението за силување од страна на поротата составена од седум жени и пет мажи. Двете силувања се случиле во домот на Мастерсон во Холивуд Хилс во 2003 година, кога тој беше на врвот на својата слава, за време на емитувањето на „Лудите седумдесетти“. Поротата не можеше да донесе едногласна пресуда за третата точка, тврдењето дека Мастерсон ја силувал и својата долгогодишна девојка.
Тој е осуден на 30 години до доживотен затвор, максимално дозволено со закон и нема да има право на условен отпуст до 2042 година. Условот е да не западне во неволја зад решетки.