Не живеел со сопругата 5 години пред разводот: Нов детал од животот на Дени Мастерсон ја шокираше јавноста

од Vladimir Zorba

Осудениот силувач, ѕвездата од „Лудите 70-ти“ – Дени Мастерсон и неговата сопруга Бижу Филипс не живееле заедно пет години пред таа да поднесе барање за развод. Ова го потврди нејзиниот адвокат за американскиот магазин „Page Six“.

Добиените судски документи покажуваат дека Филипс навела различна адреса за нејзината и деветгодишната ќерка на Мастерсон, Фиана, од 2018 година до денес, во која конкретно било наведено дека детето живее исклучиво со нејзината мајка во Санта Инез, Калифорнија.

Сепак, Питер Лаузон објаснува дека единствената причина зошто актерот не е наведен како живее со неговиот клиент и Фиана е едноставно затоа што тој моментално не живее таму „во моментов“.

На прашањето дали Мастерсон живеел на локацијата Санта Инез додека не отиде во затвор, адвокатот одговорил: „Да, секако дека живеел“.

Во судските документи пишува и дека ќерката живеела заедно со родителите од 2014 до 2018 година.

Инаку, сите останаа шокирани кога Бижу Филипс (43) донесе одлука да го прекине бракот со Дени Мастерсон (47) помалку од две недели откако беше осуден на 30 години до доживотен затвор за силување.

Како причина за разводот таа ги наведе „непомирливите разлики“ и ќе бара алиментација.

Бижу беше покрај Мастерсон за време на неговото судење за силување и повторното судење, па дури и го придружуваше на сослушувањето на пресудата, поради што нејзиното барање за развод дојде како изненадување, но по новите детали многумина се прашуваат што друго ќе се појави…

Дени беше осуден за две точки од обвинението за силување во мај, но поротата ја отфрли третата точка.

Слични содржини