Две недели од пресудата: Сопругата на Дени Мастерсон поднесе барање за развод

од Vladimir Zorba

Биџу Филипс поднесе барање за развод од актерот познат по улогата во серијата „Луди седумдесетти“, набргу откако беше осуден за силување на две жени, објави Си-Ен-Ен.

Бижу Филипс поднесе барање за развод во понеделникот во Санта Барбара. Двојката се венча во 2011 година и заедно имаат една ќерка.

Таа поднесе барање за развод помалку од две недели откако Дени Мастерсон беше осуден на 30 години до доживотен затвор за две точки од обвинението за силување.

„Госпоѓица Филипс реши да поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг во овој несреќен момент. Нејзин приоритет останува нејзината ќерка“, рече адвокатот Питер Лаузон во изјава за CNN во вторникот, додавајќи дека „овој период бил незамисливо тежок за бракот и семејството“.

Актерот, најпознат по улогата во серијата „Луди седумдесетти“, беше осуден на 30 години до доживотен затвор за силување на две жени на почетокот на септември.

Судскиот случај повторно ја разгоре контроверзноста околу Скиентолошката црква. Имено, 47-годишниот актер е нејзин истакнат член, а своите жртви ги запознал преку Скиентолошката црква. Обвинителите рекоа дека организацијата ги обесхрабрува жените да контактираат со полицијата.

Скиентолошката црква го отфрли тврдењето и рече дека религиозната припадност на Мастерсон не е поврзана со случајот. Жените во своите излагања рекоа дека Мастерсон ги дрогирал и силувал во одделни инциденти помеѓу 2001 и 2003 година во неговиот дом во Холивуд Хилс.

Слични содржини