Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, истакна дека очекува тимот утре да ја заврши годината со победа на домашен терен против Севиља.
Тој исто така изрази уверување дека напаѓачот Килијан Мбапе го завршил периодот на адаптација во тимот на Мадрид.
„Се враќаме по многу натпревари на гостински терен и сакаме добро да ја завршиме 2024 година. Севиља е тежок противник кој се мачи, но нашата цел ќе биде годината да ја завршиме со победа. Периодот за адаптација на Мбапе заврши, тој веќе покажува добра форма, но сепак може да се подобри. Тој се опорави од последната повреда и ми изгледа мотивиран и ентузијаст. Му требаше време како и секој друг, но тоа веќе помина. Килијан може да ја подобри конзистентноста. Почесто да ги прави оние претстави што само тој знае да ги прави#, изјави Италијанецот.