Трамп се закани дека ќе ја врати контролата врз Панамскиот канал

од Vladimir Zorba
18 прегледи

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги критикуваше, како што рече, неправедните такси за американските бродови кои минуваат низ Панамскиот канал и се закани дека ќе побара да се врати контролата на пловидбата на Вашингтон.

Тој укажа и на зголеменото влијание на Кина околу каналот, што, како што рече, е загрижувачки тренд за американските интереси бидејќи американските компании зависат од каналот за движење на стоки меѓу Атлантскиот и Тихиот океан.

„Нашата морнарица и трговијата беа третирани на многу неправеден начин. Теди Рузвелт беше претседател на Соединетите Американски Држави во времето на нивната изградба и тој ја сфати моќта на морските патишта и трговијата. Кога претседателот Џими Картер несовесно го даде за еден долар, за време на неговиот мандат, беше управуван исклучиво од Панама, а не од Кина или некој друг. Исто така, на Панама не и беше дозволено да наплатува високи цени и стапки на САД, нивната морнарица и корпорациите кои работат во нашата земја, и да наплаќаат високи цени и транзитни стапки“, рече Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Слични содржини