Возач со „форд“ удри во 61-годишна битолчанка

од Nikola Popovski
39 прегледи

На 30.12.2024 во 13.24 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Карпош“ во Битола, патничко возило „форд“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(47) од Битола, удрило во З.Д.(61) од Битола.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила З.Д., констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од СВР Битола.

Слични содржини