Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето разбирање за противењето на Русија за членството на Украина во НАТО.
– Русија со години вели дека НАТО не треба да се меша со Украина. Тоа беше врежано во камен – им рече Трамп на новинарите, тврдејќи дека американскиот претседател во заминување Џо Бајден одлучил Украина да се приклучи на Алијансата.
Ројтерс наведува дека од 2008 година членките на НАТО официјално го поддржуваат приемот на Украина.
Вчера Трамп изрази надеж дека во рок од шест месеци ќе постигне мир во војната меѓу Киев и Москва.
– Русија губи многу млади луѓе, како и Украина, а таа војна не требаше ни да започне – посочи Трамп.
Пред и по неговата победа на претседателските избори, медиумите ги пренесоа тврдењата на Трамп дека е во состојба да ја заврши војната во Украина „во рок од 24 часа“.