Скопје повторно руши рекорди: Четврт град во светот по загаден воздух

од Nikola Popovski
43 прегледи

Неколку денови по ред, во Скопје не се излегува надвор -во воздухот повторно има високи концентрации на опасни честички. Проблемот како и секоја зима, остана и оваа, без никакво решение. Скопје утрово повторно е меѓу најзагадените градови во светот, покажуваат податоците на сајтот за мерење на квалитетот на воздухот „IQ Air“. Главниот македонски град е на 4. место на светската листа со индекс на загаденост 187, а следен град од регионот по загаденост на воздухот е Атина дури на 39. место. со индекс 85.

Пред Скопје се само Дака, Лахор и Делхи.

Воздухот е загаден и во други градови, а граѓаните апелираат надлежните да преземат соодветни мерки. На двата протести против аерозагадувањето кои се оддржаа во декември во Скопје, беше алармирано државата да почне да превзема мерки, а не да го оддолжува решавањето на овој акутен проблем.

Незадоволните граѓани покрај загадениот воздух, се жалат и на непочитување на мерките во некои ресторани и кафеани, каде е дозволено да се пуши во затворено, па велат дека нивното здравје дополнително се влошува.

Препораките на здравствените работници во вакви околности се да се избегнува подолг престој на отворен простор, повеќе да се поминува време во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздух. Апелираат особено до ранливите категории кои имаат хронични болести но и до бремените жени да не излегуваат на отворено без потреба.

Слични содржини