„Откако нашата денешна реакција го разоткри планот на владата со моноетнички легитимитет за укинување на албанскиот јазик како службен, ВМРО-ДПМНЕ одговори со вообичаениот папагализам и пропаганда, ширејќи ја приказната дека ДУИ наводно се плаши од своето криминално минато. Да бидеме кратки и јасни: сите кои го прекршиле законот, без разлика на етничка припадност или партија, треба да одговараат“, велат од ДУИ.
„Но, не мислете дека со вакви закани и пропаганда ќе нè заплашите: Кога станува збор за албанскиот јазик, за нашето достоинство и национален идентитет, ниту прогонот, ниту смрта не плаши. Можете да се обидете да ја криминализирате нашата борба за слобода и рамноправност, исто како што тоа го правеа некои минати режими, но не заборавајте: историјата секогаш покажала кој преживува, а кој завршува во срам! Напаѓајте што сакате, но држете ги рацете подалеку од она што за нас Албанците е свето! Рацете подалеку од албанскиот јазик“, пишува во соопштението испратено од ДУИ до медиумите, се вели во рекацијата на ДУИ.