Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп најави средба со неговиот руски колега Владимир Путин за време на обраќањето во неговата резиденција на Флорида. Како што вели, подготовките се во тек.
Трамп изјави дека рускиот претседател изразил желба за средба.
„Путин сака да се сретнеме и да работиме на тоа да го организираме“, им рекол Трамп на новинарите во неговата резиденција на Флорида.
Тој го коментираше и украинскиот конфликт.
„Мора да ставиме крај на војната во Украина“, нагласил идниот претседател.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека доколку Трамп остане заинтересиран за контакти со руската страна, рускиот лидер Владимир Путин само ќе го поздрави тоа.
Да потсетиме дека за време на предизборната кампања, Трамп го стави решавањето на украинската криза како еден од своите приоритети.