Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, увери дека не дава приоритет на натпреварите од Премиер лигата пред оние од ФА Купот и тој и тимот ќе направат се што е можно за да го елиминираат Арсенал и последователно да го освојат ФА Купот. Двата тима ќе се соочат в недела на Емирати во големото дерби од третото коло на турнирот.
„Ова е многу стар турнир со многу богата историја. Се сеќавам дека гледав некои од финалињата, вклучувајќи го и она во кое ја освоивме тројната круна. Сега знаеме дека ни претстои многу тежок натпревар. Сакаме да победиме и да одиме напред.
Имавме една недела без натпревари, така што нема смисла сега да им дадам одмор на некои од играчите. Сакаме да победиме и да настапиме како минатиот пат (дерби натпреварот со Ливерпул – н.з.). Ќе излеземе со нашиот најдобар состав и ќе се обидеме да победиме. Сакаме да го освоиме Купот. Понекогаш е подобро да се добиваат вакви натпревари и да не се размислува за помалку време за одмор до следниот натпревар. Ќе размислиме за него подоцна“.
Аморим беше прилично нејасен кога го прашаа за иднината на Маркус Рашфорд, велејќи само вака: „Ќе видиме момци. Мора да се концентрираме на следниот натпревар“.
Португалецот потврди дека Алтај Бајандир, кој генерално игра во куп натпреварите, повторно ќе биде на голот против Арсенал.