Курто и Данела се „препукуваат“: „Ќе одговара…“

од Vladimir Zorba
28 прегледи

По повод изјавите на Данела и град Скопје дека против мене се поднесени 40 кривични пријави за разни злоупотреби и дека денес од нејзина страна се пуштени дополнителни 7 кривични пријави, сакам да ја информирам јавноста за следново: Најпрвин за пријавите кои ги споменува Данела, дежаву е веќе да ги користи истите изјави за сите кои „ќе и застанат на патот„, нека биде малку покреативна во своите нискобуџетни изјави и нека внимава со какви спектакуларни бројки и изјави се појавува во јавност бидејќи ќе одговара за навреда и нарушување на углед и чест доколку не се извини. За моето 7 годишно работење како градоначалник, за мојата работа, немам ниту една кривична постапка!, вели во писмена изјава градначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш како реакција на изјавата на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска

„За дополнителните 7 кривични пријави, поради одлагање на отпад на мојот приватен имот, фактура ќе добие лично таа бидејќи со месеци и го покривам срамот и се обидувам нејзиното неработење да не влијае во креирање на слика дека нашата општина е препознатлива по депонии. Напротив, во време кога Шуто Оризари интензивно се модернизира, урбанизира и развива, најмалку што можам да направам е нејзиниот срам да го тргнам од улиците на мојата општина и да го складирам на приватно земјиште, свесен дека за тоа ќе трпам лична штета – уништување на мој приватен имот. Јас не сум ниту производител на ѓубре ниту пак имам материјална корист од прибирање на ѓубре!

Отпадот кој со месеци тлее низ улиците на Шуто Оризари, без многу стручни анализи на лабаратории, јасно може да се види дека е комунален отпад, односно остатоци од храна и секојдневен отпад кои ги произведуваат домаќинствата.

Е сега, многу логично зошто било кој граѓанин да го истури своето ѓубре на улица доколку Комунална Хигиена која е под дирегентска палка на Данела редовно, како што е теоретски по план, два пати неделно ги собира кантите од домаќинствата? Одговорот на ова обично прашање го дава виновникот за оваа ситуација во која секојдневно живеат моите сограѓани! Данела, како резултат на инаетот кој и се јави после организираниот протест даде јасни инстирукции на ЈП Комунална хигиена – НИТУ ЕДНА КАНТА СО ЃУБРЕ ОД ШУТО ОРИЗАРИ НЕМА ДА СЕ СОБИРА!

Сите медиуми кои работат на истражувачко новинарство може да направат анализа колку акции направила Данела за собирање на диви депонии во општина Шуто Оризари во изминатите години. НУЛА 0!!! Споредено со тоа што го промовира дека го работи во другите општини, јасно без многу филозофии може да се види СИСТЕМСКАТА ДИСКРИМИНАЦИЈА која ја врши врз нашата општина. Иако можам да кажам дека далеку од чисти се и другите градски општини. Како што жалам за граѓаните на општина Шуто Оризари, жал ми е и за граѓаните на општина Центар, Аеродром, Ѓорче, Чаир, Кисела Вода, Карпош и сите други кои се жртви на нарцисоидноста на Данела.

За своето неработење, за своето инатење пренесено во забрани за испорака на услуги на нејзините претпријатија, ДАНЕЛА ЌЕ ОДГОВАРА. Ќе одговара на над 1000 кривични пријави кои ќе бидат лично пуштени од граѓаните кои плаќаат сметки редовно секој месец.

Јас како градоначалник, како што сум доследен секогаш во испорачување на услугите кои се во моја надлежност, ќе бидам и подржувач на граѓаните во барања за испорачување на сите услуги кои им следуваат од било која институција!“, додаде тој.

Слични содржини