СПРЕМНИ ЗА ВАРАЖДИН: Македонија ги победи Зеленортските Острови за крај на подготовките

од Nikola Popovski
311 прегледи

Македонската репрезентација е подготвена за СП 2025. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров се враќаат на местото кое се памети Вараждин (Хрватска) каде што веќе играа на СП 2009 и ЕХФ ЕУРО 2018.

Пред натпреварите со Унгарија, Холандија и Гвинеја, нашите го одиграа и последниот пријателски натпревар. Совладана е екипата од Зеленортските Острови со 27:26 (14:15), со што се заокружи подготвителниот циклус во кој се одиграа вкупно шест натпревари.

На претходните две светски првенства, македонските репрезентативци беа на 27, односно 23 место (Египет 2021 година).

Најдобар пласман е деветтото место во Катар во 2015 година.

Слични содржини