Нападната жена во кафеана во скопско

од Nikola Popovski
58 прегледи

Жена била нападната во кафеана во скопско Трубарево, стои во полицискиот билтен.

Според МВР, вчера во 02.00 часот по полноќ, жена пријавила дека била физички нападната во угостителски објект.

-С.С.(50) од с.Трубарево, скопско, пријавила дека околу 00.00 часот во угостителски објект во селото, била физички нападната од Г.Н. од с.Јурумлери, скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Слични содржини