Проштален удар на Бајден: „Ниту еден претседател не е имун на злосторствата што ги прави додека е на функција“

од Vladimir Zorba
47 прегледи

Џо Бајден повика на уставен амандман за претседателскиот имунитет во неговото проштално обраќање како претседател на Соединетите држави во средата, очигледно сакајќи да му зададе проштален удар на неговиот наследник Доналд Трамп.

„Мораме да го измениме Уставот за да стане јасно дека ниту еден претседател не е имун од злосторствата извршени додека беше на функцијата“, рече Бајден во обраќањето до нацијата од Овалната соба.

„Моќта на претседателот не е неограничена. Таа не е апсолутна. И не треба да биде“, посочи тој.

Бајден (82) во понеделник ќе му ја предаде претседателската функција на Трамп, републиканецот кој убедливо победи на изборите во ноември.

Во јули, Врховниот суд на Соединетите Држави пресуди со 6-3 дека поранешните претседатели имаат широк имунитет од гонење за службени дела, што е голема победа за Трамп.

Конгресот би можел да ја поништи оваа важна одлука со измена на Уставот, но овој процес е познат како тежок за спроведување, бидејќи бара поддршка од две третини и во Претставничкиот дом и во Сенатот, по што ќе следи ратификација од 75 отсто од државите.

Слични содржини