Грипот коси – зголемен бројот на заболени

од Nikola Popovski
31 прегледи

За 3,2 пати е зголемен бројот на заболени од грип во периодот од 6 до 12 јануари во однос на првата недела од јануари.  Податоците на Институтот за јавно здравје покажуваат дека се пријавени 1.053 случаи на грип или болести слични на грип.

За прв пат оваа сезона, пријавената инциденца е над неделната граница на активност на вирусот на сезонски грип, што значи дека е надминат прагот за влез во сезоната на грип.

Во однос на возраста, 633 лица се на возраст од 15 до 64 години, 179 се деца на возраст од пет до 14 години, а 144 се на возраст до четири години.

Слични содржини