Филип Кузмановски го изедначи рекордот на СП по само три одиграни натпревари

од Nikola Popovski
238 прегледи

Капитенот на македонската репрезентација, Филип Кузмановски игра фантастичнo на Светското првенство во ракомет и по само три натпревари застана рамо до рамо со елитата, меѓу кои е и неговиот сегашен селектор, легендарниот Кирил Лазаров.

Кузмановски на три натпревари постигна вкупно 31 гол со што го израмни рекордот кој во последните 20 години го држат Лазаров и Насер Ал Сад од Катар.

Со ова македонскиот капитен ги израмни рекордите со споменатите двајца оставајќи го зад себе Сандер Сагосен, кој на првите три натпревари на СП 2021 година во Египет постигна 30 гола.

Голгетери на Светските првенства по три одиграни натпревари:

1. Насер Ал – Саад (Катар) 31 гол (Светско првенство 2005)
2. Кирил Лазаров (Македонија) 31 гол (СП 2009/2017)
3. Сандер Сагосен (Норвешка) 30 голови (СП 2021)
4. Филип Кузмановски (Македонија) 31 гол (СП 2025)