Бајру: Франција и Европа мора да се спротивстават на политиката на Трамп или ќе бидат „смачкани“

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Францускиот премиер Франсоа Бајру денеска изјави дека Франција и Европа мора заеднички да се спротивстават на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и неговата политика, во спротивно ќе бидат „смачкани“.

„САД одлучија да одат со исклучително доминантна форма на политика, преку доларот, преку својата индустриска политика, преку фактот дека можат да ги „заробат“ глобалните инвестиции и глобалните истражувања“, изјави Бајру за новинарите, пренесе Ројтерс.

Тој истакна дека нешто мора да се преземе околу ова прашање.

Слични содржини